Цените на бензините се намалуваат за три, односно 3,5 денари за литар, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика. Според најновата одлука на регулаторот, „евросупер БС-95“ поевтини за 3,5 денари и литар од овој вид гориво сега чини 83 денари, а „евросупер БС-98“ е поевтин за три денари, односно литар сега се продава за 85 денари. Сегашната цена на евродизелот е 72 денари за литар, а цената на екстра-лесното масло за домаќинство, која се намалува за еден денар, изнесува 61 денар за литар. Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, кое е во просек за 2,52 отсто, се должи на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.
Цените на бензините се намалуваат за три, односно 3,5 денари за литар, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.
Според најновата одлука на регулаторот, „евросупер БС-95“ поевтини за 3,5 денари и литар од овој вид гориво сега чини 83 денари, а „евросупер БС-98“ е поевтин за три денари, односно литар сега се продава за 85 денари. Сегашната цена на евродизелот е 72 денари за литар, а цената на екстра-лесното масло за домаќинство, која се намалува за еден денар, изнесува 61 денар за литар.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, кое е во просек за 2,52 отсто, се должи на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.